Достапни линкови

logo-print

Баросо - Идентитетот да не биде заложник на иднината


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел рече дека очекува Македонија и годинава да добие позитивен извештај, како и да се најде решение за прашањето за името.

„Дојде време земјата да не ја испушти оваа историска шанса. Идентитетските прашања се секако важни, но уште поважно е минатото да не ја држи иднината во заложништво, изјави Баросо на заедничката прес-конференција со премиерот Груевски.

Тој ги повика Македонија и Грција да го решат спорот што е можно побргу. Тоа е важно за вашата земја, за регионот и за сите нас во Европа, рече Баросо.
XS
SM
MD
LG