Достапни линкови

logo-print

Со солзавец против романските демонстранти


Романската жандармерија денеска употреби солзавец против демонстрантите пред Парламентот кои се обиделе да влезат во зградата. На протестот учествуваа околу 30 илјади луѓе. Група демонстранти почнала да фрла пластични шиштиња и камења и се обидела да ги собори заштитните огради. Синдикалните лидери апелираа да не се прибегнува кон насилство и да се чекаат резултатите од интерпелацијата. Претседателот на синдикалната конфедерација Сед Лекс изјави дека меѓу демонстрантите имало провокатори.
Во парламентот во меѓувреме и е изгласана дoверба на Владата. Опозицијата ја обвини Владата на Емил Бок дека не успеала да се справи со економската криза во државата.
Романија се соочи со серија протести по преземените од Владата мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG