Достапни линкови

Карзаи подготвен да ја одложи забраната за фирмите за обезбедување


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му понуди отстапки на Вашингтон за забраната за приватните фирми за обезбедување и понуди одложување на забраната за два месеци.
Хуманитарните организации претходно се заканија дека ќе се повлечат од Авганистан по забраната, затоа што не можат да им ја гарантираат безбедноста на нивните работници, ако наместо агенциите за обезбедување, за нивната безбедност се грижи слабо обучената авганистанска армија.
XS
SM
MD
LG