Достапни линкови

Кредитниот рејтинг на Македонија се подобрува


Агенцијата „Фич“ денеска објави дека кредитниот рејтинг на Македонија се подобрува од негативен во стабилен. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека рејтингот е подобрен врз основа на високата фискална дисциплина, стабилноста на јавните финансии, ниското ниво на јавниот долг, како и обновувањето на девизните резерви на едно стабилно ниво.
Подобрувањето на рејтингот, според него, е значаен сигнал за инвеститорите, како и за намалувањето на трошоците при евентуално издавање на еврообврзницата во иднина.
XS
SM
MD
LG