Достапни линкови

logo-print

Груевски треба да се сретне со Баросо во Брисел


Македонскиот премиер Никола Груевски, кој престојува во тридневна посета на Брисел, денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Тема на разговорите, според најавите, ќе биде претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Предвидено е Груевски да се сретне и со други високи европски претставници.
Премиерот утре ќе присуствува и на отворањето на Канцеларијата на Град Скопје и на ЗЕЛС во Брисел.
XS
SM
MD
LG