Достапни линкови

Нов старт во односите НАТО-Русија


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен рече дека се надева дека Алијансата се доближува до, како што рече, „нов старт“ во односите со Русија, вклучувајќи соработка во врска со конфликтот во Авганистан, а можеби и во противракетната одбрана.
Во интервју за Фајненшал Тајмс, Расмусен вели дека смета оти ако рускиот претседател Дмитриј Медведев присуствува на самитот на НАТО во Лисабон, наредниот месец, тоа ќе допринесе за подобрување на односите меѓу Алијансата и Русија што беа заладени по руско-грузиската војна во 2008 година.
XS
SM
MD
LG