Достапни линкови

logo-print

Кантримен - САД ги охрабруваат Македонија и Грција.


САД ја поддржуваат и ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО и ЕУ и остануваат активно вклучени во охрабрување на владите на Македонија и на Грција за решавање на спорот со името, но покрај тоа од суштествено значење е и доследната имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и континуираната работа на процесот на реформите.
Ова е пораката што во името на државниот секретар Хилари Клинтон, ја пренел нејзиниот помошник Томас Кантримен на средбите во Владата и со претставници на релевантните политички партии за време на вчерашната еднодневна посета на Скопје.
Пораката на Вашингтон дека решавањето на ова важно прашање бара тежок компромис кој мора да биде постигнат од двете земји во директен дијалог и со заемна доверба, рекол Кантримен на синоќешната средба со новинари во Амбасадата на САД во Скопје.
XS
SM
MD
LG