Достапни линкови

Уапсени 12 лица во Истанбул поврзани со Ал Каеда?


Турската полиција уапси 12 лица во Истанбул под обвинение дека обезбедувале поддршка на екстремистите на Ал Каеда кои се борат против меѓународните сили предводени од НАТО во Авганистан, потврди неименуван висок службеник во турските безбедносни сили.
Иако полицијата во Истанбул одби да ги коментира вчерашните апсења, тие следат само неколку дена откако четворица мажи се уапсени во западниот и југозападен дел на Турција под сомнение дека собирале пари за екстремистите и едно лице поради обвинение дека изработувал компјутерски програми за упад и контола на летот на американските беспилотни летала.
XS
SM
MD
LG