Достапни линкови

logo-print

Отворање на досиејата на УДБА


 Србија - БИА

Србија - БИА

Во Србија се очекува до крајот на годинава да се донесе закон за отворање на досиеата на тајните служби. Станува збор за ветување старо 10 години. Сега, велат созреало времето за закон чие донесување во другите комунистички земји предизвика големи потреси.

Поголемиот број екс комунистички земји ги отворија досиеата на тајните служби кои се водеа за граѓаните на нивните земји. Некои како источниот дел на Германија веднаш, некои како Бугарија и Романија чекаа по десететина години.
Во Србија, ваков закон за најави веднаш по падот на режимот на Слободан Милошевиќ на 5 Октомври две илјадитата година.
Сепак се чека повеќе од 10 години и сега било вистинското време, вели Слободан Хомен државен секретар во Министерството за правда на Србија.

„Мислам дека не постоеше политичка воља и дека многумина стравуваа што се таму пишува. Но сега дојде време. Минаа 20 години од доаѓањето на Милошевиќ на власт и 10 години од демократските промени. Тоа е доволна временска дистанца“.
Мислам дека не постоеше политичка воља и дека многумина стравуваа што таму пишува...

Еден од најголемите заговорници за отворање на тајните досиеа е Вук Драшковиќ чија партија Српско движење за обнова е подносител за донесување на таков закон, кој едвај го чекаат многу жртви на комунизмот.

„ Тоа мора да се отвори. Без тоа нема раскинување со комунистичкото наследство.“

Досиета на бившата УДБА, според очекувањата треба да се отвораат следната година ако до крајот на оваа 2010 се донесе законот.
Ќе има ли големи потреси во Србија како во Унгарија каде на листитите на агентите се најдоа 19 лица од јавниот живот допрва велат ке се види. Во Источна Германија на пример имаше 300 илјади шпиони што значи секој пети жител бил кодош. Во Чешка пак беше објавен список од 150 илјади кодоши.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG