Достапни линкови

Владата во посета на компаниите


Владини претставници ќе ги посетуваат бизнисмените
Владини претставници ќе ги посетуваат бизнисмените

Претставници на бизнис секторот ја поздравуваат владината одлука за посета на околу 200 приватни компании

Претставници на бизнис секторот ја поздравуваат владината одлука за посета на околу 200 приватни компании, се` со цел подобрување на бизнис климата. Бизнисмените порачуваат власта да се фокусира на малите и средни претпријатија и забележуваат дека при претходни консултации, власта прифаќала, одбивала или само декларативно прифаќала нивни предлози.
Параметрите кои владата ги добива со методите за прибирање на параметри од економијата даваат слика за економијата, но ваквите посети ги оценуваме како исклучително корисни.


Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека иницијативата на власта за директни консултации со приватосопствениците е добар потег

„Параметрите кои владата ги добива со методите за прибирање на параметри од економијата даваат слика за економијата, но ваквите посети ги оценуваме како исклучително корисни.“

Навраќајки се на претходните искуства на Сојузот со владата, Чекреџи вели дека не сите предлози на организацијата биле прифатени

„Дел од мерките Владата во нашето шест годишно постоење ги прифатила, дел ги прифатила само декларативно, а некои ги одбила. Значи, таа соработка мора да биде во континуитет, ако сакаме да постигнеме некакви резултати.“
Малите и средните бизниси треба во моментов да добијат бенефиции од Владата преку македонската банка за поддршка и развој...




Бизнисменот Зоре Темелковски препорачува фокусот на власта да се насочи кон подржување на малите и средни претпријатија во земјава

„Посетата на Владата ќе даде позитивни ефекти само ако биде во спрега со малите и средни претпријатија и нивните проблеми бидат на масата на владата и заенички го решат развојниот дел, т.е. развојната компонента.“

Темелковски смета дека ресурсите кои сега им стојат на располагање на овие компании се ограничени, примарно поради светската економска криза.

„Малите и средните бизниси треба во моментов да добијат бенефиции од Владата преку македонската банка за поддршка и развој, еден подолг грејс период на враќање на кредитна задолженост, со репрограмирање на задолженоста. Бидејќи деловните банки заради економската криза се доста конзервативни и крути.“

Инаку, деновиве власта почна со посети на фабрики.
XS
SM
MD
LG