Достапни линкови

logo-print

Почнуваат квалификациите за ЕП во ракомет


Македонија со големи шанси за пласман на ЕП во Србија

Македонија со големи шанси за пласман на ЕП во Србија

Машката ракометна репрезентација денеска ги започнува квалификациите за ЕП што ќе се одржи во Србија

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започнува квалификациите за ЕП кое по две години ќе се одржи во Србија. Прв противник, од 17 часот во салата Кале, ни е Естонија, а во рамките на групата до јуни наредната година, по два пати ќе се сретнеме и со Унгарија и со Босна и Херцеговина. Пласман на Еуро носат првите две места, кои, според рејтингот што го имаме, не се недостижни.
Ние сме навикнати на проблеми. Можеби и подобро функционираме со проблеми, отколку кога ситуацијата е нормална.
Сепак, она што во моментов загрижува се последните случувања во националниот тим. Во него, повторно пред стартот на едни квалификации и тоа поради бојкот на неколку играчи, дојде до смена на селекторот, овој пат на Љубомир Савевски. Негов наследник од пред седум дена е Звонко Шундовски, кој изминатиот викенд ја водеше селекцијата на турнир во Романија. Но, таму настапи со ракометари кои не се во комбинација за дуелот со Естонија, бидејќи најголемиот дел од првотимците на подготовките се приклучија завчера. Очигледно, реалноста не е ни малку пријатна, но тоа сепак не ги деморализира играчите, зашто за нив, според капитенот Кирил Лазаров, ова не е ништо ново:

„Ние сме навикнати на проблеми. Можеби и подобро функционираме со проблеми, отколку кога ситуацијата е нормална. Мора да се пошегуваме малку и позитивно да гледаме на оваа работа. Секогаш сме оптимисти, но треба и реално да ги согледаме работите. Имаме голема шанса за пласман и ќе направиме се без разлика на проблемите што ни се случуваат моментално да се организираме, да направиме еден добар спој. Мислам дека имаме квалитет, ако имаш квалитет нема во што да се сомневаш, треба да излезеш на терен, да дадеш се од себе и јас како капитен ветувам дека ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат Македонија да се појави на ЕП,“
Унгарија и Босна се незгодни противници, но не се непобедливи. Не се од рангот на Шпанија и Германија. Мислам дека имаме голема шанса и не смееме да ја пропуштиме.


изјави Лазаров, со кого се согласуваат и останатите репрезентативци. И тие веруваат дека ќе ја исполнат целта - пласман на Еуро, за што адут им е составот на групата. Во неа апсолутен аутсајдер е Естонија, а останатите противници, иако мора да се почитуваат, не би требало да бидат непремостлива пречка на патот кон Србија.

„Унгарија и Босна се незгодни противници, но не се непобедливи. Не се од рангот на Шпанија и Германија. Мислам дека имаме голема шанса и не смееме да ја пропуштиме.“

истакна Филип Миркуловски, додека за Наумче Мојсовски многу работи ќе бидат познати в недела, по гостувањето кај директниот ривал за втората позиција, Босна и Херцеговина.

„Тоа е многу битен натпревар. Одиме на победа, но и да загубиме да не е голема разлика, затоа што мислам дека ќе се решава со меѓусебниот дуел со Босна. Ако се заврши добро во недела со Босна, тогаш шансите се големи за пласман.“

рече Мојсовски.
XS
SM
MD
LG