Достапни линкови

Ерменија го обвинува Азербеџан за нарушување на мирот


Ерменија ги обвини азербеџанските сили за убиството на ерменскиот војник во покраината Нагорно Карабах со цел да бидат прекинати мировните преговори меѓу двете земји. Во соопштението на ерменското министерство за одбрана се вели дека убиството е уште еден чекор на Азербеџан за дестабилизација на состојбата, пред состанокот на претседателите на двете земји со нивниот руски колега.
XS
SM
MD
LG