Достапни линкови

logo-print

Џејми Шеј - Никој нема интерес да ја блокира Македонија кон НАТО


Директорот за политичко планирање во канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, Џејми Шеј наведе дека уште на самитот во Букурешт, пред две години, е кажано дека Македонија е подготвена за Алијансата, но ќе стане членка кога ќе го реши спорот за името.
„Вратите на НАТО се отворени за земјите од Западен Балкан и никој нема интерес Македонија да биде блокирана“, истакна Шеј, кој преку видеоврска им се обрати на учесниците на меѓународната конференција во Белград на тема „Србија, Западниот Балкан и НАТО до 2020 - научени лекции и лекции кои допрва треба да се учат“.
Тој рече дека НАТО се уште не го одредил датумот за целосно повлекување од Косово.
XS
SM
MD
LG