Достапни линкови

Пензиските реформи во Франција поминаа на Сенатот


Францускиот Сенат денеска го одобри нацрт-законот за пензиските реформи, кој предизвика големи штрајкови ширум земјата. Предлог-законот помина во Горниот дом на Парламентот со 177 гласови за, наспроти 151 против.
Долниот дом на собранието ќе гласа за законот утре.
Со реформите се предвидува, минималната возраст за пензионирање да се зголеми од 60 на 62 години.
XS
SM
MD
LG