Достапни линкови

Новинарите во Азербејџан под засилен притисок пред изборите


Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги обвини властите во Азербејџан дека напаѓаат, им се закануваат и затвораат новинари, во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат наредниот месец. Организацијата наведува дека десетици новинари се обвинети за клевета, која во земјата се смета за кривично дело и ја обвини полицијата за физички напади врз новинарите.
XS
SM
MD
LG