Достапни линкови

logo-print

Јелена Карлеуша - жртва на српските хулигани


Пејачката Јелена Карлеуша

Група хулигани синоќа вербално ги нападнале фудбалерот на Црвена звезда Душко Тошиќ и неговата сопруга, пејачката Јелена Кaрлеуша. Доцна синоќа, таа во полиција пријавила дека група млади луѓе ги навредуваат нејзе и сопругот и дека нејзиниот автомобил бил ишаран со спреј.

Две лица се уапсени поради инцидентот.

Тошиќ бил навредуван поради неговата слаба игра во градското дерби против Партизан.

Кaрлеуша пред две недели напиша колумна во која го осуди насилството за време на геј парадата во Белград и застана во заштита на хомосексуалците.
XS
SM
MD
LG