Достапни линкови

logo-print

Фуере - Неопходни се билатерални средби на највисоко ниво за името


Неопходни се билатерални средби на највисоко ниво меѓу Македонија и Грција за надминување на проблемот со името, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере.

„Имаме сознание дека се прават напори двајцата премиери да имаат билатерални средби, со кои би ја зајакнале соработката меѓу двете држави, со цел спорот со името да биде решен“, рече Фуере.

Eвроамбасадорот нагласи дека колку побргу се реши спорот за името тоа ќе биде подобро за двете држави.
XS
SM
MD
LG