Достапни линкови

Најголемата хидроцентрала во светот почна да работи со полн капацитет


Хидроцентралата Три клисури

Најголемата хидроцентрала во светот денеска почнува да произведува струја со полн капацитет, откако беше пуштена во употреба пред две години. Кина соопшти дека нивото на водата во браната Три клисури се искачи на максималното ниво од 175 метри.

Изградбата на џиновската брана Три клисури на реката Јанцекјанг чинеше 23 милијарди долари. Изградбата почна во 1993, а заврши во 2006 година.

Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека максималното ниво од 175 метри ќе се задржи два месеци, а во остатокот од годината е предвидено да варира од 145 до 175 метри.

Заради браната беа раселени 1,4 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG