Достапни линкови

Почина „видовитиот“ октопод Пол


Моментот кога октоподот Пол го одбра аквариумот со шпанското знаме, наместо тој со холандското во пресрет на финалето на Светското првенство

Почина октоподот Пол, пренесува германската новинска агенција дапд.

Веста за смртта на октоподот, кој стекна светска слава летоска, за време на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка, ја соопшти аквариумот во Оберхаузен.

Пол стана познат со тоа што го погоди победникот на сите натпревари на Светското првенство на кои настапуваше Германија и предвиде дека Шпанија ќе ја победи Холандија во финалето и ќе стане светски фудбалски шампион.
XS
SM
MD
LG