Достапни линкови

Слепите лица се жалат дека не ја добиваат потребната поддршка од државата за нивна целосна интеграција во системот. Вработувањето е еден од проблемите со кој се соочуваат.

И покрај големата волја за успех, 27 годишниот Гоце Радевски се сопнува на „системот “ и не може да се вработи за да го издржува своето семејство. Радевски својот вид целосно го изгубил на 20 годишна возраст, како што вели од погрешно лекување. Единствена надеж му е ветувањето на Владата кое го даде пред слепите да протестираат дека ќе им ги исполни барањата и ќе вработи слепи луѓе во администрација.Тој вели дека конкурирал за тоа работно место и дека ги исполнува условите, но него примиле на работа.
Министерството за труд и социјална работа вети дека ќе вработи во тој ,,Call,, центар четворица членови од нашиот Сојуз. Што се случи, вработија само двајца, влезе и третиот дали по партиска или незнам каква линија, но не е назначен од Сојузот на слепи


,,Министерството за труд и социјална работа вети дека ќе вработи во тој ,,Call,, центар четворица членови од нашиот Сојуз. Што се случи, вработија само двајца, влезе и третиот дали по партиска или незнам каква линија, но не е назначен од Сојузот на слепи. Јас отидов во министерството, барав прием, да ми одговорат зошто е така... Но, наједноставен одговор за да ме тргнат од таму е ,,остави ни бројче ќе ти се јавиме."

Тој вели дека ова не е прв пат да биде злоупотребен и отфрлен од општеството.

,,Уште пред пет-шест години бев изманипулиран ме изиграа така што ме вработија кај еден работодавец ме плаќаше по четири илјади денари, точно дека беа редовни, но тие никој не ги сака, но во момент кога немаш и тие се добри."

Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика вели дека вработуваат колку што можат.

,,Тој процес се одвива, јас можам да ви кажам дека конкретно во нашето министерство се примени две лица кои што се слепи и слабовидни, така што тој заклучок на Влада се имплементира. Веројатно немам точни податоци каде и како, меѓутоа сите јавни установи имаат обврска да примат лице со посебни потреби соодветно на барањата на работните обврски, значи да бидат квалификувани за тоа."
Тој процес се одвива, јас можам да ви кажам дека конкретно во нашето министерство се примени две лица кои што се слепи и слабовидни, така што тој заклучок на Влада се имплементира


Миновски вели дека се прават измени на законот за социјална заштита со кој се предвидува додаток за слепите луѓе во вредност од 7 илјади денари, но законот ќе стапи на сила дури во 2012 – та година поради буџетските можности. Од Здружението на слепи луѓе на град Скопје, Александар Хамбол вели дека се уморни од ветувања и одолговлекување на исполнувањето на нивните барања.

,,Доставуваме секоја година програми за автобусите да имаат говорна програма за слепите луѓе, исто така и во делот на образованието нема никаде компјутер со говорна програма, ниту на фактултетите, ниту во училиштата, бидејќи се бориме за вклучување на слепите лица во редовно образование. Нашите претставници од Сојузот на слепи сеуште преговараат со претставници од власта, но членовите немаат трпение бидејќи се во криза, потребно ни е вработување, средства."

Листата на нивните барање е долга, како што велат, потребна им е помош од сите инстутуции за да можат да живеат достоинствен живот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG