Достапни линкови

logo-print

САД загрижени за иранското влијание во Авганистан


Иран денеска призна дека му помогнал на Авганистан откако авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вчера обелодени дека примил торби со стотици илјади евра од Техеран. Иранското министерство за надворешни работи прецизира дека помошта била во рамките на напорите за обнова на таа земја. Претходно Белата куќа изрази загриженост од иранското негативно влијае врз Авганистан. Загриженост изрази и Стејт департментот кој наведе дека е скептичен во врска со иранските мотиви за давањето пари на кабинетот на Карзаи со оглед на, како што се наведува, досегашното искуство дека Техеран дестабилизирачки влијае врз своите соседи.
XS
SM
MD
LG