Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Чиле и се извини на Германија


Претседателот на Чиле Себастијан Пињеира се извини за тоа што во книгата на впечатоци во германската влада во Берлин го напишал слоганот кој се поврзува со нацистичка Германија. Слоганот Дојчланд ибер алес или Германија над сите стана познат за време на Адолф Хитлер и по Втората светска војна беше исфрлен од германската химна. Пињеира престојуваше во Германија во рамките на неговата европска турнеја во барање помош за неговата земја по катастрофалниот земјотрес во февруари годинава.
XS
SM
MD
LG