Достапни линкови

Македонија на 62 место според корупцијата


„Транспаренси интернешнал,, годинава ја рангира Македонија на 62 место според индексот на перцепција на корупцијата со 4,1 индексен поен, што е подобрување за девет позиции од лани кога беше 71. со 3,8 индексни поени. ,,Македонија постојано бележи подобрување во индексот на перцепција, но се уште е во групата на земјите со индексни поени под пет и има уште многу работа за да се постигне подобра перцепција, оцени на прес конференција Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност нулта корупција. Годинашното 62. место Македонија го дели со Хрватска, Гана, Самоа.
XS
SM
MD
LG