Достапни линкови

Одложен судскиот процес за потонувањето на Илинден


Во Основниот суд во Охрид денеска е одложен почетокот на судскиот процес во врска со минатогодишната бродска несреќа, кога при потонувањето на бродот „Илинден,, во водите на Охридското Езеро животот го загубија 15 бугарски туристи. Одложувањето дојде поради непојавувањето на еден од двајцата обвинети, хрватскиот државјанин Бранко Баиќ, овластен претставник на германскиот „Лојд,, кој ја гарантирал техничката исправност на потонатиот брод. Адвокатите на првообвинетиот Сотир Филевски, капетанот на „Илинден“, пред судот истакнаа дека вината не може да се бара кај него бидејќи тој управувал со брод за кој бил уверен дека е технички исправен.. Новото судско рочиште е закажано на 18 јануари.
XS
SM
MD
LG