Достапни линкови

Хрватска: убиен бомбашот од бензинската станица


Хрватската полиција го убила човекот кој претходно врз нив фрлил две бомби на бензинската станица на патот меѓу Сплит и Солин. Тој од вчера се наоѓал во еден камион цистерна и се заканувал дека ќе ја крене во воздух. Изутрината фрлил две бомби врз полицијата но само една експлодирала при што бил повреден еден полицаец. Во обидот да фрли уште една бомба бил застрелан од полицијата, јавуваат агенциите, наведувајќи дека станува збор за воен ветеран кој бил незадоволен од неговата ситуација.
XS
SM
MD
LG