Достапни линкови

Томас Кантримен во посета на Македонија


Во Република Македонија денеска ќе престојува заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Томас Кантримен. Според програмата за посетата, тој ќе се сретне со Претседателот на Владата Никола Груевски. Неодамна Кантримен изјави дека САД со нетрпение очекуваат во блиска иднина Македонија да биде во можност да го реши спорот за името со Грција, по што би се создале услови за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG