Достапни линкови

По посетата на Џоли и Пит, донација од САД за бегалци во БиХ


Владата на САД ќе даде парична помош за изградба на станови за најмалку 15 луѓе од бегалската населба во БиХ која во април годинава ја посетија актерите Анџелина Џоли и Бред Пит. Радомир Јовичиќ, градоначалник на Рогатица во источна Босна изјави дека донацијата од речиси 500 илјади долари ќе биде употребена за изградба на станбена зграда за бегалци, кои ќе можат да се вселат до септември идната година. Тој истакна дека со години лобирал за донации за бегалците, но оти посетата на Џоли и Пит била пресвртница што довела до склучување спогодба за донација од САД.
XS
SM
MD
LG