Достапни линкови

logo-print

Телевизиско обраќање на Папандреу


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во синоќешното телевизиско обраќање воочи одржувањето на локалните избори, ги повика граѓаните да ги поддржат мерките на владата за штедење. Ако сега застанеме и не ги продолжиме главните реформи, сите наши напори ќе бидат залудни и ќе се вратиме во минатото и ќе ја влошиме ситуацијата уште повеќе, истакна Папандреу во обраќањето што го пренесуваа државната телевизија и приватните канали. Регионалните и локалните избори во Грција ќе бидат одржани во ноември.
XS
SM
MD
LG