Достапни линкови

logo-print

Се полни со гориво иранскиот нуклеарен реактор во Бушер


Иран се очекува денеска да го наполни со гориво јадрото на нуклеарниот реактор во Бушер, пристаниште во јужниот дел на земјата. Со тоа постројката изградена од страна на Русија ќе биде се поблиску до стартувањето кое беше одложувано со години. Денешната активност беше најавена од Алаедин Боруџерди, претседател на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика. Овој енергетски капацитет од 1000 мегавати треба да почне да произведува енергија во почетокот на идната година. Тој беше формално отворен во август годинава, но почетокот на работата беше одложуван откако иранските компјутери беа погодени од глобален вирус.
XS
SM
MD
LG