Достапни линкови

Додик смета дека и Хрватите треба да имаат свој дел во Босна


Премиерот на Република Српска Милорад Додик смета дека е време Босна да стане заедница на три народи со три одделни административни единици.

„Босанските муслимани треба да разберат дека стабилноста на Босна зависи од нивниот однос кон посебна хрватска единица во рамки на заедничка држава“, изјави Додик за загрепски Вечерњи лист за Босна.

Додик нагласува дека територијалните граници на Република Српска се неприкосновени и ниту еден политичар не би презел какви било разговори за нивно прекројување.
XS
SM
MD
LG