Достапни линкови

Ево Моралес во посета на Иран


Претседателот на Боливија Ево Моралес денеска во Техеран ја почнува три-дневната посета на Иран. Моралес изјави дека целта на посетата е да бидат унапредени односите меѓу двете земји. Предвидено е потпишување серија билатерални договори. Ова е втора посета на Моралес на Иран, кој како и претседателот на Венецуела Уго Чавез, има блиски односи со Техеран.
XS
SM
MD
LG