Достапни линкови

Грција побара помош од ЕУ за имигрантите од Турција


Европската Унија соопшти дека ќе испрати тим да им помогне на пограничните власти на Грција за да се справат со големиот број на имигранти кои сакаат нелегално да влезат во Европката Унија од Турција.Во соопштението на Европската Комисија се вели дека тим за брза интервенција од пограничната агенција ФРОНТЕКС ќе биде распределен на грчката граница со Турција по барање на Грција. Ова ќе и биде прва задача на агенцијата откако е формирана во 2007-ма година. Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстом вели дека е алармантен бројот на луѓе кои од Турција нелегално влегуваат во Грција и дека Грција очигледно не е во состојба да се справи сама со оваа ситуација.
XS
SM
MD
LG