Достапни линкови

Косор - Не се плашам од Санадер


Премиерката на Хрватска и претседателка на партијата ХДЗ, Јадранка Косор ги отфрли наводите дека враќањето на поранешниот премиер Иво Санадер во Саборот претставува „жежок костен“ за нејзината партија и нагласи дека владеачката коалиција има сигурно мнозинство во Парламентот.
Таа повтори дека барањето за изгласување недоверба на Владата претставува заедничка акција на Санадер и на опозициската Социјалдемократска партија со цел да ја дестабилизираат и Владата и ХДЗ, додавајќи дека „тоа нема да се оствари од повеќе причини“.
Санадер, кој пред два дена во Саборот положи заклетва како пратеник изјави дека „неверојатниот развој на настаните по заминувањето од политиката го натерало да го активира својот мандат во Саборот“.
XS
SM
MD
LG