Достапни линкови

Иран забрани студии по право, филозофија, родови студии...


Иранските власти усвоија нови забрани за изучување на 12 општествени науки на универзитетите во земјата. На тие науки, меѓу кои право, филозофија, психологија, социологија, човекови права, родови студии, политички науки и менаџмент, се гледа како на „западњачки“ и се смета дека не се во согласност со исламското учење. Наставните програми по овие предмети ќе се ревидираат за да се усогласат со исламското учење.
Одлуката на властите следува како одговор на загриженоста на иранскиот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи дека тие предмети би можеле да предизвикаат сомнеж во верата.

Погледнете ја фотогалеријата Забрането во Иран:

XS
SM
MD
LG