Достапни линкови

Врховниот суд на Ирак ги враќа пратениците на работа


Врховниот суд на Ирак ги повика пратениците да се вратат на работа, по седуммесечниот политички ќорсокак во кој дојдоа поради тоа што не може да формираат мнозинство за влада.
Врховниот суд го прогласи одложувањето на работата на Парламентот за неуставно и ги повика пратениците да се вратат на работа.
Судот му наложи на парламентот да избере претседател на Собранието и двајца потпретседатели.
Собранието заседаваше само еднаш, откако на изборите во март ни една партија не обезбеди мнозинство за влада. Пратениците се договорија да ја одложат работата на Собранието додека траат преговорите за формирање коалиции.
XS
SM
MD
LG