Достапни линкови

logo-print

Прекин на железничкиот сообраќај во Грција


Од утре до 29 октомври, повторно ќе биде во прекин железничкиот сообраќај кон и од Грција, поради генерален штрајк на грчките железничари.
Македонски железници соопштија дека возовите ќе сообраќаат до и ќе тргнуваат од Гевгелија. За време на штрајкот, според информациите на Грчките железници, патниците од Гевгелија до Солун и обратно ќе бидат превезувани со автобуси.
XS
SM
MD
LG