Достапни линкови

logo-print

Ник Клег - Очекуваме одговор на наводите објавени од Викиликс


Ник Клег, Британски вицепремиер и лидер на Либерално-демократската партија

Сите очекуваат одговор на „исклучително сериозните“ наводи за злоупотреби за време на војната во Ирак, содржани во документите што ги објави интернет-страницата Викиликс, изјави потпретседателот на британската влада Ник Клег.
Тој рече дека „целиот свет ги смета овие обвинувања како шокантни“.

Клег е познат по своето противење на ангажманот на Лондон во Ирак.

Претходно и Хјуман Рајтс Воч го повика Ирак да ги испита наводите дека ирачката полиција мачела притвореници.
Интернет-страницата Викиликс објави околу 400 илјади тајни документи на американската армија за војната во Ирак.
XS
SM
MD
LG