Достапни линкови

Министерот Коњановски оди во официјална посета на Германија


Министерот за одбрана Зоран Коњановски утре и задутре ќе отпатува во прва официјална посета на Германија на покана од германскиот министер за одбрана Карл Теодор Фрајхер Гутенберг.
Ќе разговараат за придонесот на Македонија во регионалната и глобална стабилност и напредокот во одбранбените реформи.
Во Берлин, Коњановски ќе се сретне и со претседателот на комисијата за одбрана при германскиот Бундестаг, Сузане Кастнер и со членовите на парламентарната Комисија за одбрана.
XS
SM
MD
LG