Достапни линкови

logo-print

Велика Британија: Викиликс ги доведува војниците во Ирак во опасност


Британското Министерство за одбрана го осуди објавувањето на тајните американски воени документи на интернет-страницата Викиликс, наведувајќи дека тоа ги доведува војниците во опасност.
Во соопштението се наведува дека би било неприфатливо да се шпекулира за деталите од тајните документи без понатамошна истрага.
Интернет-страницата Викиликс денеска објави околу 400 илјади документи на американската армија за Ирак.
XS
SM
MD
LG