Достапни линкови

Расмусен - Нема решение за името до Самитит во Лисабон


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен на прес-конференција во Атина, во четвртокот

Спорот за името меѓу Македонија и Грција веројатно нема да биде решен пред самитот на Алијансата што следниот месец треба да се одржи во Лисабон, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за грчкиот весник То Вима.

„Немам индиции дека решението е можно пред самитот во Лисабон“, вели тој.

Расмусен вели дека блокадата од Букурешт се уште е на сила и оти новите земји се примаат во НАТО со консензус од сите земји-членки.
XS
SM
MD
LG