Достапни линкови

logo-print

Масовна гробница од по Втората светска војна во Словенија


Во Словенија е откриена масовна гробница во која веројатно се наоѓаат останките на жртви убиени од антифашистите по Втората светска војна, пренесува МИА.
Раководителот на владината Комисија за ексхумација на масовни гробници Марко Штовс, потврди дека властите започнале да го проучуваат теренот во селото Мостец во близина на границата со Австрија, каде се претпоставува дека се наоѓа масовната гробница и веќе се откриени човечки останки. Тој истакна дека засега не може да се утврди колку тела биле закопани во гробот.
Словенечкото радио јави дека, според некои документи, во гробницата може да има неколку стотици тела на војници и цивили.
XS
SM
MD
LG