Достапни линкови

Кина и Индија со поголема решавачка улога во ММФ


Министрите за финансии и Гувернерите на Централните Банки на Групата 20 најголеми економии денеска се согласија за натамошни реформи на ММФ со кои на растечките економии како на Кина и на Индија им се дава поголема улога во одлучувачките процеси.
Се очекува Г 20 да се обврзе кон пазарна вредност на курсот на валутите и да се воздржат од "конкурентска девалвација" на нивните валути.
Во коминикето што треба да биде издадено по средбата во Јужна Кореја ќе се наведе залагање за намалување на прекумерната трговска нерамнотежа, но во соопштението нема наведено конкретни цели за вишоците ниту за дефицитите.
XS
SM
MD
LG