Достапни линкови

logo-print

Милошоски на самит на Франкофонијата во Монтре


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре ќе учествува на 13-тиот Самит на Франкофонијата на тема „Предизвици и визии за Франкофонијата“ во Монтре, Швајцарија.
Покрај обраќање на Самитот, шефот на дипломатијата се очекува да има и повеќе билатерални средби со претставниците на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата.
На Самитот, со кој ќе се одбележи 40-годишнината од создавањето на Франкофонијата, потврдено е учеството на околу 70 шефови на држави и влади и министри за надворешни работи на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата. Покрај дискусиите, се очекува да биде усвоена Декларација од Монтре.
XS
SM
MD
LG