Достапни линкови

Франција : Сенатот ги одобри пензиските реформи


Францускиот Сенат го одобри владиниот план за пензиски реформи што предизвика големи штрајкови и протести земјата. По вчерашното гласање во Сенатот, следи конечно усогласување на двата дома на парламентот за реформата да стане закон. Синдикатите најавија дека ќе ги продолжат протестите против реформата со која ќе се подигне минималната возраст за пензионирање од 60 на 62 години и целосна државна пензија на возраст од 65 или 67 години. За владата реформата е потребна за да се спаси пензискиот систем од колапс, а за синдикатите тоа не е фер кон работниците.
XS
SM
MD
LG