Достапни линкови

Студентските домови во распаѓање


Бараките, дел од студентскиот дом Стив Наумов
Бараките, дел од студентскиот дом Стив Наумов

Во крајно лоши услови се наоѓаат македонските студентски домови, но дури и за тоа мора да се има врски. Легло без партиска врска не се добива, се жалат дел од студентите.

Тегла ајвар, тегла мајонез, по некое шише водка и пар патики се главен декор на прозорците на студентските домови. Хигиена на ниско ниво, во зима ладно - во лето топло, цимери што крчат, нема каде на мир да се учи - на овие работи се пожалија студентите во еден скопски студентски дом. Наспроти тоа дружба, љубов, го делат и она малку што го имаат, слобода и бегство од родителски надзор. Тоа е дел од студентскиот живот далеку од дома.

Мала соба со четири кревети, заедничка маса на која задолжителен детал е полн пепелник и карти за разонода, шкаф што едвај собира гардероба за еден човек. Постери, старо решо, по некоја скрипта и патнички торби оставени по ќошињата. Секој станар кој некогаш престојувал во собата, оставил свој печат по ѕидовите, вратите, прозорите. Па можете да прочитате „љубовта е во воздухот“, „инфарктот каков и да е од срце е“, „досадата е мајка на сите пороци, а порокот е тaтко на уметноста“. Од флаерите на ѕидовите може да се информирате во која соба да си купите ракија или пак да се потстрижете за 50 денари, кој пишува семинарски или дипломски за евтини пари или каде е вечерва главната журка.
За лошите услови во домовите, студентите не сакаат јавно да зборуваат. Велат дека се плашат оти ќе го изгубат правото на место во домот.
Немање на топла вода, несоодветни услови, тоа значи влага во домовите, на зима беше многу ладно затоа што дуваше од прозорците, а на лето беше пак многу топло затоа што не се отвараа прозорите и немањето на топла вода во текот на зимата, тоа беше најголем
проблем.


„Ќе те чујат на интернет ќе речат што си давал изјави, собирај си ги парталите. Сите се плашат од тоа. На
Тегли ајвар. Наместо во фрижидер на прозор
пример, може за една изјава да останам на улица, а кај можам стан да изнајмам, да плаќам вода, струја, јадење, од каде ќе најдат пари дома. Затоа сите велат дека не можат изјави да дадат.“

Студентска Тања Стојановска оваа година не аплицирала за легло во некој од студентските домови токму поради лошите услови.

„Немање на топла вода, несоодветни услови, тоа значи влага во домовите, на зима беше многу ладно затоа што дуваше од прозорците, а на лето беше, пак, многу топло затоа што не се отвараа прозорите и немањето на топла вода во текот на зимата, тоа беше најголем проблем.“

Реновирањето во студентските домови и подобрувањето на студентскиот стандард се во агендата на сите политички партии пред избори. Дел од студентските бараки сега се затворени, дел се реновирани, но се уште треба уште многу да се работи велат надлежните.

Директорот на студентскиот центар - Скопје, Крешимир Павиќ вели дека во последниве три години се прави многу за да се подобри состојбата во домовите кои се стари, но сепак им е потребна помош од Министерството за образование. Павиќ смета дека 50-те евра што ги плаќа студентот и оние 50 евра што ги додава министертвото за еден студент, не се доволни за одржување на домовите.

„И таа цена може да се рече дека не е доволна за нормално функционирање на домовите, во смисла да се покријат струја, вода, храна за студентите, плати за вработените и нешто барем малку да остане за од сопствени средства да може континуирано да се реновира и да се поправа. Треба да има некоја корекција на цената.“
И таа цена може да се рече дека не е доволна за нормално функционирање на домовите, во смисла да се покријат струја, вода, храна за студентите, плати за вработените и нешто барем малку да остане за од сопствени средства да може континуирано да се реновира и да се поправа. Треба да има некоја корекција на
цената.


За разлика од него, студентите сметат дека за парите што ги даваат не добиваат доволно, но за повеќе немаат.

Тоалетите во распаѓање
„За да се избањаме одиме по едно 100 метра со влечки, па потоа бањати доаѓаме накај соба и посебно во зима е неубаво и кога ќе заврне има кал на сите страни, значи доѓаш во соба избањат и пак си гнасен.“

„Во бараките нема ниту ладна, а не пак топла вода.“

Пешиќ вели дека дел од вината за лошите услови сносат и студентите.

„Од четири илјади студенти сместени, тоа се четири илјади различни карактери. Има студенти кои и тоа што го немаат во собата го чуваат, а има студенти кои тоа што го имаат во собата не го чуваат. При вселувањето, студентот добива листа со која е задолжен со однапред утврдени работи и доколу се утврди дека по негова вина, намерно е сторено нешто, има случаи кога им се наплаќа на студентите.“

Во последниве неколку години распределбата на леглата се врши по електронски пат, но наместо да се избегнат неправилностите секоја година остануваат незадоволни студенти. Според истражувањето на невладината организација „Младински образовен форум“, корупцијата во студентските домови е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат студентите. Врски за добивање легла, илегално престојување во студентска соба и манипулациите со списокот за сместување се најчести форми на корупција според испитаните студенти. Дури 70 проценти од испитаниците сметат дека студенските легла се добиваат преку врски по партиска линија, а 34 отсто од нив признале дека некогаш користеле лични познанства за добивање легла или стекнување некакви привилегии во домот.

За овие
проблеми алармираат и од студентската организација, „Слободен Индекс“. Жарко Жерновски од оваа организација вели дека најчесто предност за добивање место имаат партиските војници.
Легло за во студентски дом неможе да се добие по природен пат, туку треба да се има партиска книшка моментално на актуелната влада за да ти загарантираат место во студентскиот
дом.


„Легло за во студентски дом не може да се добие по природен пат, туку треба да се има партиска книшка, моментално на актуелната влада за да ти загарантираат место во студентскиот дом.“

Оваа академска година, студентските домови ги потресе аферата за сместување на владини службеници во најубавите соби. Снимки со владини автомобили пред студентските згради, изјави на студенти дека за нив нема место, но дека за владините војници секогаш се наоѓа, осамнаа по речиси сите медиуми. На овие обвинувања, од Министерството за образование најавија дека ќе ги испитаат случаите, иако не знаат како можело да дојде до тоа затоа што прераспределбата е електронска, а компјутерот не може да погреши.

Директорот на скопкиот студентски центар Павиќ, негира дека по домовите спијат и владини службеници, но не ја исклучува можноста тие да се „падобранци“.

„Можам да кажам дека сите тие имаат право на студентско легло и се студенти, значи ние ги сместуваме тие што имаат право на студентско легло, а дали некој волонтира како што тврдат тие невладини организации или не, не е наша работа, ниту пак ако утврдиме дека некој волонтира може да го избркаме.“

Дисперзираните студии не придонесоа да се намали бројот на студенти кои ќе живеат во студентските домови во Скопје вели Павиќ.

„Се почувствува во студентските домови како во Охрид, Прилеп, Битола, таму се намали интересот, посебно во Прилеп и Охрид, на студенти кои сакаат да спијат во студентски дом, најверојатно причина е што тие, можеби 70-80 отсто од студентите во тие градови беа од источна Македонија и најверојатно сега тие деца остануваат дома и нема кој да се пријави за студентско легло.“

Да се остави свој печат, по некоја порака на ѕидовите или вратите
Студентите од внатрешноста велат дека едвај чекале да излезат од дома, да запознаат нови луѓе, да се замешаат во бел свет. Затоа и решиле и покрај тоа што сега има факултет и во нивниот град да заминат оттаму и да студираат во Скопје.
Од четири илјади студенти сместени, тоа се четири илјади различни карактери. Има студенти кои и тоа што го немаат во собата го чуваат, а има студенти кои тоа што го имаат во собата не го чуваат.

„Не знам, не ми се допаѓа многу тоа. Сакам малку настрана да бидам. Тука се запознаваат луѓе, а во Кавадарци излези и секој ден истите ’фаци‘ ги гледаш, а вака ќе смениш нешто.“

Тој не сака да биде конкуренција на двајца студенти или пак да си биде конкуренција на самиот себе си.

Скапиот и многу најавуван процес на дисперзирани студии годинава потфрли на многу факултети, па така речиси и да нема град во кој на барем на два-три смера не се запишал ниту еден студент, или се пријавиле многу малку, па не може да се формира група. Според последните податоци за бројот на запишани нови студенти на 16 различни видови студии кои се дисперзирани има едвај по неколкумина бруцоши. Па така на пример во Крива Паланка на градежништво, или пак во Прилеп на геологија или француски јазик во Дебар нема запишано ниту еден студент. Не е голема конкуренцијата ниту на студиите по германски јазик во Дебар, информатика во Берово и електротехника во Кичево каде се запишале по 2-3 студенти.

Раководителот на секторот за високо образование во Министертвото за образование, Агим Рушити вели дека се уште сите универитети го немаат доставено финалниот извешај за број на примени студенти од третиот уписен рок. Тој вели дека за да функционира еден студентска програма треба да има група од 25 студенти.

„Во конкретниот случај, бројот на студентите се регулира внатрешно на самите универзитети. Ако универзитетите односно факултетите имаат друг начин да ја покријат некоја студиска програма и со помал број на студенти, тоа тие го решаваат внатрешно во рамките на самиот универзитет, значи не треба тие да затвораат место што не е отворено, сите места се отворени за студентите, ако нема студенти, како би функционирала некоја нова студиска програма.“

Крајната одлука за прекинување на дел од новите дисперзирани студии ќе треба да ја донесат самите факултети, вели Рушити.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG