Достапни линкови

Средба Ердоган - Папандреу во Атина


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој денеска во Атина разговараше со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, изрази очекување дека гасоводот од јужниот крак, Турција – Грција – Италија, ќе биде завршен до 2015-та година. Дел од гасоводот меѓу Турција и Грција веќе е изграден. Инаку, во јужниот коридор, кој го финансира и Европската Унија, е и гасоводот од Грузија, преку Црно Море, Романија, Србија, Хрватска и Словенија, до Трст.
XS
SM
MD
LG