Достапни линкови

Неделен печат


Весници, неделници, магазини...

Весници, неделници, магазини...

Радмила Шеќеринска, во интервју за Фокус, им порачува на партиските сплеткари дека не е дел од дворските игри во СДСМ за иден премиер.

Покрај другото, за популизмот како второто име на корупцијата и дека власта која е неодговорна и корумпирана генерира, а не ја спречува корупцијата, пишува Глобус. Истиов неделник го анализира и најновиот потег на актуелната Влада - земањето кредит од ММФ, што додега го одбегнуваше. Парите од даноците ќе се трошат на администрацијата и за социјалните давачки, а развојот ќе се темели врз заеми, нагласува неделникот.

Во интервјуто со Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, Глобус ја отвора, речиси, табу-темата во нашата јавност, донацијата на органи, и новиот закон според кој, доколку не се потпише изјава против донација на органите, тогаш по автоматизам починатиот станува потенцијален донатор.

Неделникот Фокус објавува интервју со екс-вицепремиерката за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, која им порачува на партиските сплеткари дека не е дел од дворските игри во СДСМ за иден премиер.

Неделникот ги предупредува граѓаните да ги отворат очите штом добијат решение од извршител, затоа што државата прави класичен грабеж наплатувајќи застарени казни од македонските граѓани.

Илустрација: Печатење весник

Фокус, исто така се занимава и со, во последно време зголеменото интересирање и на власта и на опозицијата за домашната бизнис-заедница. Вниманието што овие и' го посветуваат на економијата неизбежно навестува нови предвремени парламентарни избори. Фактот што уште пред две недели министерот за здравство најави смена на повеќе директори на болници, кои според ревизорскиот извештај работеле незаконски, а до ден денес ниту еден не е сменет, ниту, пак, е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената должност - го наведува Фокус да тврди дека Владата, всушност, не сака да му стави крај на криминалот во здравството.

Форум продолжува со темата „Улична лустрација“. Следен на ред за чистење е „Ибар“, по „Мама“, „Вујче“ и „Стрелец“, пишува неделникот. Наводно уште четири досиеја чекаат на ред за објавување. Уличната лустрација мора да најде свој институционален епилог, оти последиците ќе бидат големи, нагласува неделникот.

Форум пишува и за посетата на првиот човек на Европскиот совет, Ван Ромпуј, при што потсетува дека тој од македонските власти побара затворање на проблемот со името со Грција и дополнителни реформски напори.

Записот од Центар Жупа и деценискиот проблем со иселување на нејзините жители поради егзистенцијални причини, Форум го засилува со зборовите инспирирани од познатата народна песна, но наместо туѓината пуста да е, вели, „Државата пуста да остане, сите на гурбет ги прати!“. Ова е, пишува Форум, плачот на илјадници жители на Центар Жупа кои секојдневно го напуштаат родното огниште барајќи егзистенција во странство.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG