Достапни линкови

Македонско-грчка прекугранична соработка


Граничен премин

Граничен премин

Со средства од ИПАРД започнува проект за подобрување на прекуграничната соработката меѓу Грција и Македонија.

По неколкугодишните заладени односи меѓу Македонија и Грција поради спорот со името, што се рефлектираше и на релациите меѓу пограничните општини од двете страни, сега Европа преку ИПАРД фондовите ќе ја подобрува соработката во пограничните општини. Предвидени се по 25 милиони евра за реализација на прокети кои заеднички ќе ги подготват македонските и грчките општини. Проектите треба да се од областа на локалниот економски развој, култура, екологија и друго. Повикот беше објавен во јули и ќе трае до октомври.
Проблемот со името не предизвикува никакви реперкусии или проблеми. Ова е програма која се реализира во рамки на Европската унија и досега никој не го спомнал проблемот со името. Се употребува името прифатено во сите меѓународни
организации.
Координаторите на оваа програма од грчка страна велат дека името нема да биде проблем за регионален развој.

„Проблемот со името не предизвикува никакви реперкусии или проблеми. Ова е програма која се реализира во рамки на Европската унија и досега никој не го спомнал проблемот со името. Се употребува името прифатено во сите меѓународни организации“, вели Васо Бердебе, одговорно лице за програмата во Грција.

Парите ќе можат да се искористат само доколку организациите, фирмите или институциите подготват заеднички проекти за проблеми или предизвици кои ги тангираат двете страни. Претходно заради заладените односи меѓу двете држави беа стопирани и прокетите од еврорегионот Преспа-Кожани-Корча кои предвидуваат голем број активности за сплотување на регионот. Овој пат, министерот за локална самоуправа Муса Џафери не очекува политиката да го попречи регионалниот развој.

„Имам впечаток дека има заинтересирани од двете страни за локалниот развој, ќе има апликанти, конкуренција и во тој правец ќе нема пречка, името е сосема друга тема кое не треба да е пречка за прекуграничната соработка меѓу регионите и општините. Ние ќе ги диференцирама тие политички теми од прекуграничната програма за да биде добро за граѓаните без разлика од било која страна“, изјави министерот Џафери.

Канцеларијата за координација на програмата ќе биде лоцирана во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG