Достапни линкови

Поддршка на занаетчиството


Бакарни изработки

Бакарни изработки

Во Куманово веќе четири години постои Регионална занаетчиска комора која во соработка со локалната самоуправа им дава поддршка на занаетчиите.

Во Куманово, но и во останатите пет општини од регионот како што се Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце старите занаети одамна се заборавени. Така, кумановското занаетчиско сокаче со една ковачка работилница, берберски дуќан и работилница за чанти, не соодветствува на времето кога тука биле изработувани кожни опинци, трукерај, изработка на дрвени алатки и уште многу други. Некогашните надалеку прочуени мајстори веќе одамна ги оставиле занаетчиските алати, или заминале од овој свет, а младите генерации пак, ја преферираат новата техника. Меѓутоа, без занаетчиството сеуште не може да се замисли животот, иако новите занаети се пософистицирани. Затоа во Куманово веќе четири години постои Регионална занаетчиска комора преку која во соработка со
Со него во Република Македонија се занимаваат околу пет илјади, а во Куманово се регистрирани 310 занаетчии кои за сега успешно ја вршат својата дејност и ги услужуваат граѓаните.
локалната самоуправа, републичката комора и една од германските им се дава поддршка на занаетчиите. А, преку образование на младите генерации и да се развива занаетчиството. Во Куманово се регистрирани 310 занаетчии,а преку две паралелки од машинска струка, на македонски и на албански јазик ќе се создаваат нови занаетчии, вели Бајрам Сулејмани претседател на Регионалната занаетчиска комора.

Илустрација: Ракотворби

„Каков би бил животот без занаетчиството. Со него во Република Македонија се занимаваат околу пет илјади, а во Куманово се регистрирани 310 занаетчии кои за сега успешно ја вршат својата дејност и ги услужуваат граѓаните“, вели Сулејмани.

Весна Симова, како еден од претставниците на модерното занаетчиство, вели дека без оглед на се занаетчиството сеуште има значење за општеството.
Занаетчиството е еден важен сегмент во нашето општество. Затоа треба да му дадеме малку поголемо
значење.


„Занаетчиството е еден важен сегмент во нашето општество. Затоа треба да му дадеме малку поголемо значење, оти занаетчиството се наоѓа секаде околу нас, и на работа и дома. Многу работи потекнуваат од занаетчиските работилници“, вели Симова.

И покрај промовирањето на занаетчиството поранешните занаетчии раскажуваат дека младите генерации не ги сакаат занаетите. За нив тие се тешки, макотрпни и додека се учат, а во ерата на големата динамика многу време е неопходно за да се заработат малку пари. Младите луѓе сакаат на лесен и брз начин да спечалат, раскажуваат старите занаетчии.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG