Достапни линкови

Папандреу би се сретнал со Груевски пред НАТО самитот


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу е подготвен за средба со македонскиот премиер Никола Груевски пред Самитот на НАТО во Лисабон, изјави денеска портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григори Делавекурас. ,,Сметаме дека е добро премиерите на двете земји да се среќаваат во секоја можна прилика. Затоа бевме разочарани кога премиерот Груевски не дојде во Њујорк. Се надеваме дека ќе има нова можност за средба на двајцата лидери со цел создавање подобра клима за постигнување решение преку соработка со ОН,, рече тој.
XS
SM
MD
LG